Извлечено телото на 19-годишната девојка од реката Вардар, се трага по уште едно лице

Од:

Од водите на реката Вардар околу 3 часот изутринава било извлечено телото на 19-годишната девојка којашто околу полноќ скокнала во реката, пренесува Макфакс. Според извори од полицијата, се уште се трага по уште едно машко лице, коешто се претпоставува дека скокнало во реката при обид да ја спаси девојката од надојдените води.

Како што пренесува Макфакс од извори од полицијата, ноќеска неколку минути по полноќ повеќе граѓани од Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека од малиот метален мост во близина на гостиварскиот голем пазар во водите на Вардар скокнала жена и дека веднаш по неа, најверојатно со намера да и помогне и да ја извлече од водите, скокнал и еден маж.

Веднаш започнала потрага по нив, долж течението на реката Вардар и некаде околу 3 часот во близина на детско игралиште во селото Старо чајле пронајдено е безживотното тело на девојка на возраст од 19 години.

Граѓани и екипа од теториторијалната противпожарна единица од Гостивар, го пронашле телото исфрлено на мал песочен остров. Го извлекле, а медицинска екипа која била повикана констирала дека девојката е мртва. По машкото лице се уште се трага.

Потрагата е продолжнеа од изутринава, формирани се тимови кои детално го пребаруваат течението на Вардар, а чии води синоќа беа значително надојдени, велат извори од полицијата за Макфакс.

Во тек е истрага за настанот, ќе се утврдуваат мотивите и побрзаноста на девојката со момчето коешто скокнало да ја спаси . Извршен е увид од гостиварската полиција и обвинителството. По наредба на обвинител врз беживотното тело на девојката ќе се изврши обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва