Извлечени Французите кои се загубија на Шапка

Од:

Попладнево се извлечени двајцата француски државјани кои се загубија на Попова Шапка. Од СВР Тетово информираа дека Французите биле пронајдени живи и премрзнати.

„Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме.Некаде околу 17 часот и 50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати и со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка“, информираа од СВР Тетово.

Денеска околу 15 часот беше пријавено дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка и дека единствено знаеле дека се наоѓаат покрај некоја карпа.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби