Извинување од ЈП Водовод и канализација Скопје за честите прекини во водоснабдувањето во Аеродром и Ново Лисиче

Од:

„Сакаме искрено да се извиниме на сите граѓани, кои имаа непријатности поради прекините во водоснабдувањето, жалиме за проблемите со кои се соочија и сме благодарни за нивното трпение во минатиот период.

Би сакале да дадеме објаснување до граѓаните околу честите прекини на водоснабдувањето, посебно во високата зона на населбите Аеродром и Ново Лисиче и да упатиме извинување до истите.

Минатиот период, во последните 6 дена, ЈП Водовод и канализација – Скопје, работеше на реконструкција на мрежата на Бул. Србија, во насока на подобрување на водоснабдувањето за жителите на Општина Аеродром и дел од Општина Кисела Вода.

На 12ти септември се почна прво со реконструкција на најголемиот профил на цевка Ф700. Поради премногу вода на самото место реконструкцијата се пролонгираше и граѓаните останаа без вода многу повеќе од предвиденото.

Потоа на 17.09.2017, се почна со вториот дел од реконструкцијата на цевка со профил Ф500, каде решивме работите да се изведуваат во текот на ноќта под рефлектори со почеток од 24:00, за да не трпат жителите од високата зона во Аеродром и Ново Лисиче. Реконструкцијата беше завршена во 13:30 часот и водоснабдувањето беше стабилизирано. Екипите работеа цела вечер во тешки услови за да се заврши што побрзо со реконструкцијата.

За жал, рано денес, се случи и дефект на истиот потег на Бул. Србија но на друга цевка, со профил Ф400. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веднаш излегоа на терен и се при крај со санирање на овој дефект, со што се надеваме дека веќе ќе се стабилизира целата мрежа, заедно со новите реконструкции, кои ги изведувавме минатиот период. Цистерни со питка вода кружат на потегот од Три Бисери до Капитол Мол и од поштата до последна 5ка и 15ка.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 023073010“, се вели во Извинување од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски