Извидниците од Крива Паланка изградија детски рекреативен парк

Од:

Во кругот на „Вавилон” -извидничкиот центар во Крива Паланка уреден е нов детски рекреативен парк – иницијатива на Извидничкиот одред „Наум Наумовски – Борче”.

Оваа иницијатива е поддржана од Националниот младински совет на Македонија во рамки на кампањата Мрдни со прст.

– Извидниците заедно со своите сограѓани изминатите неколку дена го уредуваа рекреативниот парк во Осичка маала и завршија со поголемиот дел од предвидените активности. Вклученоста на граѓаните беше од неизмерна важност да се оствари она што недостасувало во градот. Со спроведување на оваа иницијатива родителите добија уште едно место каде можат да ги носат своите деца на прошетка и безбедно да си играат, а градот доби уште едно катче кое го разубави центарот на Крива Паланка, изјави Никола Петровски од НМСМ.

Акцијата вклучи уредување на зелените површини и поставување клупи за седење.

– Поставени се корпи за отпадоци, кои ќе служат за паркот да остане чист. Направени се и бетонски површини и заштитна ограда на која е поставено осветлување, а деновиве ќе бидат поставени и детските реквизити. Со тоа акцијата му даде нова функција и нов лик на овој простор и овозможи децата да имаат ново место за игра и дружење, изјави Игор Ангеловски, претседател на ИО Н.Н.Борче, Крива Паланка.

Главна цел на кампањата „Мрдни со прст” е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот