ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА во соработка со Проф д-р Игор Јанев испрати мејлови и писма до шефовите на 19 држави во светот како и до нивните дипломатски мисии при ОН кои се уште немаат воспоставено дипломатски односи со Република Македонија.
Целта на барањата на ФРОДЕМ и на проф. Јанев е да се заокружи процесот на признавање и воспоставување дипломатски односи со сите држави во светот, членкина ООН.
„Барањето за воспоставување на дипломатски односи е упатено до: 1. Република Грузија, 2. Република Тунис, 3. Република Либан, 4. Република Мали, 5. Република ЈуженСудан, 6. Република Сан Марино, 7. Бахамските острови, 8. Барбадос, 9. Гренада, 10.Палетина, 11. Тринидад и Тобаго, 12. Кук островите, 13. Република Кирибати, 14. Ниуе, 15. Република Палау, 16. ПапуаНоваГвинеа, 17. Соломонските Острови, 18. Кралство Тонгаи 19. СентКитс и Невис“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.