Известувачи на ПССЕ за Македонија: Шокирани сме од нападот во Собранието, осуда за насилството

Од:

Ние сме шокирани од нападот на Собранието вчера во Скопје. Ги осудуваме овие насилни и неприфатливи напади против пратениците. Насилството нема место во демократијата, изјави ко-известувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија, Лиза Кристофсен (Норвешка, Социјалистичка група) и Валериу Гилецки (Република Молдавија, Европски народни партии), пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Апелираат до сите политички партии и засегнати страни да се воздржат од разгорување на тензиите и да покажат одговорност со поттикнување на дијалогот и отворајќи го патот за мирно политичко решение.

– Во демократските земји, претседателот на Собранието и Владата мора да бидат назначени преку политички дијалог, во согласност со изборот изразен од страна на гласачите и демократските принципи, се вели во нивното заедничко соопштение.

Парламентарното собрание внимателно ќе го следи тековниот развој на ситуацијата во земјата. – Време е да се стави крај на политичкиот ќор-сокак, четири месеци по парламентарните избори, додаваат Кристофсен и Гилецки.

Граѓаните, како што посочуваат, заслужуваат нивните интереси и очекувања да се разгледуваат со достоинство и смиреност, односно да се лансираат неопходните и итни реформи за обезбедување демократија, владеење на правото и човековите права, за доброто на сите граѓани.

– Ние очекуваме македонските власти да ги преземат сите неопходни чекори за надминување на оваа криза и повторно да се воспостават функционален демократски институции, истакнуваат Кристофсен и Гилецки.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции