Извештајот за работата на АВМУ во 2016 година пред собраниската Комисија за транспорт

Од:

Собраниската комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница го почна разгледувањетона годишните извештаи за работата во 2016 година на повеќе институции меѓу кои и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Како што информираше директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, приоритетна активност на Агенцијата во 2016 година бил мониторингот на изборното медиумско претствување за предвремените парламентарни избори кои првично требаше да се одржат во април, па беа одложени за јуни, а се одржаа во декември.

– За време на изборната кампања беа мониторирани 111 радиодифузери, а во текот на годината беа спроведени повеќе од 400 надзори во рботењето на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги, а по барање и на издавачите на печатени медиуми и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, рече Трајчевски.

Тој посочи дека во извештајната година АВМУ за констатираните прекршувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Законот за медиуми презеде 171 мерка од кои 121 решение за преземање мерка – опомена и тоа 74 кон радидифузерите, шест кон издавачите на печатени медиуми и 41 кон операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, како и седум барања за поведување прекршочна постака од кои шест кон радиодифузери и едно за оператор на јавна електронска комуникациска мрежа.

– Поднесени се и 37 предлози за одземање на дозволата од кои за 31 постапката беше запрена поради усогласување на работењето на радиодифузерите со законот, а донесени се шест решенија за бришење од регистарот на радиодифузерите. За констатираните прекршувања од Изборниот законик АВМУ поведе 33 прекршочни постапки со барање за изрекување мерка опомена. Вкупно 23 постапки за порамнување им беа предложени на радиодифузерите поради повторување на прекршувањето од Изборниот законик од кои три успешно завршија во постапката за порамнување, а 20 завршија неуспешно за што АВМУ до надлежните судови поднесе исто толку барања за поведување прекршочна постапка со барање за изрекување глоба, рече Трајчевски.

Членот на Комисијата Томислав Тунтев од СДСМ посочи дека СДСМ и коалициските партнери нема да го поддржат Извештајот на АВМУ, иако, како што кажа, ги содржи сите неопходни податоци и е стручно направаен. Причина за тоа, како што посочи, е фактот што АВМУ не најде контролни механизми да ги спречи наметнатите влијанија од власта врз медиумите што резултираше Македонија да се најде на дното по слободата на медиумите.

– АВМУ од формирањето во 2014 година стана сервилна алатка на власта и не направи ништо за да се спречи директната спрега меѓу власта и сопствениците на медиумите што можевме да ја чуеме од разговорите во „бомбите“. Со тоа стана уште една од институциите кои и служеа на извршната власт да се покријат проблемите и да може власта несметано да го користи медиумскиот простор, рече Тунтев.

Тој додаде дека АВМУ на ниту еден од медиумите не му одзела концесија поради спрегите на сопствениците и уредниците со власта.

– Состојбата со медиумите во Македонија во последните неколку години е катастрофална, а АВМУ не направи ништо и немаше став за да го спречи владиното рекламирање по медиумите и нарачаните прашања и снимки од нарчани апсења, потенцира Тунтев.

Во реплика директорот Трајчевски му порача дека уредувачката политика на медиумите не може да биде основа за одземање на концесијата и додаде дека медиумите сами ја определуваат уредувачката политика, како и кодексот на известување на новинарите.

– АВМУ нема ни можност да и забрани на Владата да се рекламира во Медиумите, рече Трајчевски.

Членовите на Комисијата од опозицијата, пак, говорот на Тунтев го оценија како политички мотивиран по што се разви серија од реплики и контрареплики.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ во реплика го праша дали мисли дека медиумскиот простор сега е подобар отколку што беше пред месец до два, а неоговата сопартика Слаѓана Митевска му порача на Тунтев дека за разлика од сега во претходниот состав на Комисијата имал конструктивни дискусии.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител