Извештајот од Германија за модуларната болница не е доставен, а не се откриваат ни кои се осомничени за пожарот

Од:

Без одговор останаа прашањата до Обвинителството, колку лица се осомничени за пожарот во модуларната болница во Тетово, која изгоре до темел и однесе 14 животи. Освен дека петмина обвинители прибираат доказ и откако помина месец и половина од трагедијата, Обвинителството не одговара на ниту едно друго прашање. Според допосиот, може да се заклучи само дека и натаму тече сослушување на сведоци и лица кои имаат информации за несреќата, бидејќи обвинителите собираат и вербални докази.

„По дадени насоки и наредби издадени од петтемина обвинители, постапуваат надлежни органи и институции кои по преземање на дејствијата треба да ги достават податоците и извештаите по што ќе следи нивно разгледување и анализа. Се очекува пристигнување и на извештајот од извршеното вештачење од експертите од Република Германија. Јавнообвинителска одлука ќе биде донесена откако ќе бидат собрани сите докази и утврдени сите факти во предметот“, велат од Обвинителството.

Последни конкретни информации од Обвинителството, се дека според Извештајот од извршено вештачење на траги, причина за пожарот е спој на струја за време на реанимација на пациент. Пожарот пак, се проширил поради кислородот кој бил инсталиран во болницата. Тие не одговорија на прашањата дали вратите во болницата каде биле сместени пациентите биле заклучени, па тоа било причина што сега починатите, не можеле навреме да се евакуираат.

Би можело да ве интересира

Семејствата на загинатите во пожарот во Тетово добија еднократна парична помош од Црвениот крст

Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

А1он

Град Скопје доделува парична помош на семејствата на настраданите во пожарот во Тетово

Заев: Јавното обвинителство и судот ќе одлучат дали има човечка, индивидуална, субјективна или каква било одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе

(ВИДЕО) Ѓорчев: Наместо пристојност и етика за 14-те живи изгорени, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата

А1он