Извештај на „Меѓаши“ за работата на СОС телефонот за деца и млади

Од:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, денеска ќе го презентира извештајот за работата на СОС телефонот за деца и млади и Бесплатната правна служба во периодот од јануари до декември 2016 година.

Како што информираат организаторите, ќе бидат сублимирани и презентирани статистички обработените податоци, генералните заклучоци и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Република Македонија, како и согледувања од работата на СОС телефонот за деца и млади.

Предвидено е Драги Змијанац, извршниот директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, да ги презентира генералните заклучоци и препораки од извештајот за 2016 година, Ангела Маневска, координаторка на СОС телефонот за деца и млади ќе го претстави извештајот, а Катерина Конеска, програм менаџер во Меѓаши ќе се осврне на реакциите на бесплатната правна служба.

Би можело да ве интересира

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава

Ана Ололовска

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ лани 240 јавувања, двојно повеќе од годината пред тоа

Катерина Ѓуровски

Меѓаши: Апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години

Ана Ололовска

Промоција на истражувањето за насилството во училиштата и меѓуетничките односи

Ана Ололовска

Меѓаши: Апел до политичките партии да не ги инволвираат децата во кампањата за парламентарните избори

А1он