Извештај на ИЈЗ за 26 октомври – 1 ноември: 70,1% повеќе нови позитивни во однос на претходната недела

Од:

Министерството за здравство соопшти дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 26 октомври до 1 ноември, тестирани се вкупно 17.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што претставува зголемување од 23,6 отсто во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 70,1 отсто споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=2.690; 46,4 отсто), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 435,5/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5 отсто.

Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град, зголемување од 4,8 отсто во однос на минатата недела. Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50 до 59 години, четири смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и по еден во возрасните групи од 30 до 39 години и 20 до 29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 81 или 92 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е групата лица на возраст од 30 до 39 (n=1283, 22,1 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 години (n=1169; 20,2 отсто), од 40 до 49 години (n=1089; 18,8 отсто), од 50 до 59 години (n=1056; 18,2 отсто) и од 20 до 29 години (n=866; 14,9 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=94; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=243; 4,2 отсто).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.793 (48,2 отсто) лица од женски и 3.007 (51,8 осто) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 839 или 14,5 отсто.

По добиени два негативни теста за присуство на Ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 696 повеќе во однос на претходната недела.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 26 октомври до 1 ноември, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/  

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски