Изведувачот на висококатниците кај „Холидеј Ин“ искинал кабел, Ново Маало цел ден без струја

Од:

Новомаалци седум часа беа струја оти, како што се пожалија, изведувачот на висококатниците кај „Холидеј Ин“ искинал кабел на ЕВН. Инвеститорот МГ „Фешн“, кој заедно со Македонската православна црква е сопственик на земјиштето, минатата недела најави дека почнуваат со градење на првата од планираните три висококатници и го огради просторот, а оваа недела почна со копање.

„Го ископаа тротоарот на паркингот, покрај улицата. Вчера погодија цевка за вода, па неколку часа немавме вода, а денес седум часа бевме без струја. Го искинале кабелот за довод на струја до куќите па кај нас нема струја. Пријавивме безброј пати во ЕВН и од таму ни објаснија дека кабелот за струја бил искинат на две места. Не ни одговорија кога ќе имаме струја, но еве вечерва ја пуштија откако цел ден чекавме. Снемавме струја околу 11 часот“, велат новомаалци за „А1он“.

Од ЕВН потврдија дека инвеститорот на висококатниците искинал кабел, но тврдат дека прекинот траел покусо.

„Струјата кај сите е веќе вклучена. Пуштено е под напон во 17.40 часот. Прекинот беше поради скинат кабел од механизација на изведувачот на зградите спроти ’Холидеј Ин’. Тоа што беше скинато е поправено и сите што немаа струја, од наша страна, се вклучени. Нов дефект нема. Сепак, ако уште една – две куќи немаат струја тоа може да е проблем на нисконапонската мрежа. Дефектот настана околу 13 часот“, објаснуваат од ЕВН за „А1он“.

Инвеститорот на висококатниците, истовремено со почетокот на градежните активности ги повика жителите да склучат договори за обесштетување на имотот. Тој презентираше проект за уредување на просторот со три висококатници, а почна да ја гради првата , која според најавите ќе биде дваесеткатница иако важечкиот план дозволува изградба на шеесеткатници.

Голем дел од архитектите и жителите на Центар се против грдење по актуелниот план, кој не е во согласност со Генералниот урбанистички план, а за в петок „Зелен хуман град“ најави протест на кој јавно ќе побараат да престанат да се градат висококатници во центарот на Скопје.

Би можело да ве интересира

Герасимовски издаде одобрение за нова единаесеткатница кај „Холидеј ин“; „Шанса за Центар“ го потсети дека планот е незаконски

Маја Илиевска-Пачемска

Инспекцијата од Центар не направила увид кај „Холидеј ин“ оти нема жалба, ниту поплака за новата дваесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска

Градежен инспекторат: Центар треба да ја прекине градбата на дваесеткатницата кај „Холидеј Ин“

Градежниот инспекторат мижи за изградбата на дваесткатницата кај „Холидеј Ин“, „Зелен хуман град“ најави кривична

Маја Илиевска-Пачемска

Жители на Ново Маало: Поддршката за протестите на „Зелен Хуман Град“ е еднаква на нула

А1он

(ВИДЕО) Обвинителството да не го крие злосторничкото здружување за парцелите кај „Холидеј Ин“, не ни требаат дваесеткатници

Маја Илиевска-Пачемска