Изречени 198 казни за брзо возење на територија на СВР Тетово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 198 возачи се казнети за брзо возење на територија на СВР Тетово.

„Денеска (08.12.2021) во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 198 возачи. Од нив 66 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово