Изречени 128 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот во Скопје, при што изречени се вкупно 128 мерки.

– Од вкупниот број санкции, 41 се за повеќе од дозволената брзина, 11 се за возење без возачка, три се за некористење сигурносен појас. Изречени се шест санкции а нерегистрирани и технички неисправни возила, четири прекршоци што ги чинат возачите на велосипед и мотоцикли и 42 санкции на непрописно паркирање, информира МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози