А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изречена казна затвор за албанскиот „колекционер“ на македонски икони

by А1он16/06/2014 - 18:56237
Share0

Со изрекување на казните, во Оновниот суд во Тирана денеска заврши судскиот процес, по скратена постапка, во врска со заплените 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, меѓу нив и дваесет многу вредни икони украдени од цркви и манастири во Македонија.

Добивај вести на вибер

Обвинителството побара девет години затвор за „колекционерот“ Ѓерѓи Тимио (51) додека за неговиот сорабтник Артан Спахо (42) седум години затвор. Судот и изрече седум односно шест години затвор, но поради фактот што и двајцата се согласиле на скратен судски процес, што го овозможува албанскиот кривичен законик, затворските казни им се намалуваат на четири години и осум месеци односно четири години.

Инаку двајцата и претходно биле осудувани за кражба на вредни уметничкии дела.

Адвокатот на Тимио изјави дека неговиот клиент е неправедно осуден бидејќи тој заедно со неговиот татко колекцијата на икони и артефакти ја собирале и чувале педесет години.

И Тимио не ја призна вината, велејќи дека се што е запленето е дел од неговата колекција, обвинувајќи ја власта за монтиран процес. На рочиштето од  крајот на минатиот месец Тимио го обвини Обвинителството за нецелосна истрага и прикривање докази, наведувајќи како еден од скриените докази и СМС-пораки упатени до пратеникот Кочо Кокдима, кој му барал икона вредна милион евра за премиерот Еди Рама да му ја подари на поранешниот британски премиер Тони Блер, инаку советник во владата на Рама

– Иконата е од познатиот уметник Онуфри и вреди 1 милион евра, а станува збор за мое лично наследство. Сакаа да им ја дадам за да ја подарат на Блер, но јас одбив, изјави пред судот Тимио.

Најголем дел од запленетите предмети во акцијата „Икона“ реализирана во октомври минатата година, се вредни предмети од 18 и 19 век, но има и постари од 17 век, а кои се украдени од цркви во градовите Елбасан, Ѓирокастро, Москополе, Лушње.

Меѓу нив има и 20 икони украдени од македонски цркви и манастири. Тоа го верификува и заедничката македонско-албанска комисија на експерти.

ikonikrazba

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Предраг Петровиќ25/07/2025 - 16:58

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он23/06/2025 - 16:08

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Горан Наумовски29/05/2025 - 13:46

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 11:50

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Горан Наумовски24/03/2025 - 20:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен