Израелските туристи сакаат да се вратат покрај Охридското езеро

Од:

По двегодишна пауза, постои можност изралеските туристи повторно да се вратат на Охридско-струшката ривиера. За ова прашање било разговарано на средбата која вчера ја имале градските власти на Охрид со амбасадорот на Израел за Хрватска и Република Македонија, Јоси Амрани и почесниот конзул на Израел во Република Македонија, Виктор Мизрахи.

Израелските гости, иако беа помеѓу најбројните во Македонија, пред се од безбедносни причини прекинаа да доаѓаат во земјава.Од 2010-та година Израелците ги нема покрај Охридското езеро, а таквата одлука беше донесена по нападот на турски брод со хуманитарна помош во појасот Газа кој се случи во 2010-тата година.

„Разговаравме за престојот на израелски гости во Охрид, кои одреден период ги немаше. Исто така тие се многу заинтересирани за културната понуда на Охрид и би сакале некои нивни уметници и фолклорни групи да земат учество на некои од нашите фестивали, како што се Охридско лето, Балканскиот фестивал и слично“, рече претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчевски.

Израелците кога доаѓаа во Охрид, тоа го правеа под силни безбедни мерки. Пред пристигнувањето на авионот, пристигнуваше посебна екипа која се грижеше за безбедноста на гостите, багажот се прегледуваше рачно.

Пример е и меѓународната конференција на Еврејската заедница од поранешна Југославија која деновиве се одржува во Струга. Хотелот Дрим каде истата се одржува е целосно затворен, а како што објави А1, пристапот до хотелот и неговата околина се под силно полициско обезбедување.

Израеклските гости минатите години остваруваа и по неколку илјади ноќевања.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски