Изминатото деноноќие издадени 1.208 потврди за барање азил

Од:

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.208 странски државјани, од кои 505 се од машки пол, 244 се од женски  и  459 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија  – 605, Авганистан – 443 и Ирак – 160.
Во периодот од  1 јануари 2016 до 23 јануари 2016 година, издадени  се потврди на вкупно 39.043 странски државјани, од кои 16.484 се од машки пол, 8.359 се од женски и 14.099 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 101 дете кои патуваат без родител.

Во периодот од 00:00 до 24:00 часот на 21 јануари годинава до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Би можело да ве интересира

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он