Во текот на изминатото деноноќие, 26-27 јуни, на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани се 576 прекршоци за непочитување на мерката за носење лична заштита на лице, соопштија од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.