Изминатите три дена 25 сообраќајки во Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 25 сообраќајни незгоди.

Самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека во петокот (29 јули) сообраќајната полиција извршила увид на седум сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, две се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Во саботата (30 јули) полицијата извршила увид на осум сообраќајни незгоди, од нив три се со последица материјална штета, три со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. Случена е и една незгода со тешки телесни повреди, во која со тешки повреди се здобило едно лице.

Во неделата (31 јули) полицијата извршила увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив седум се со последици материјална штета, три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 42 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Осум возачи поминале на црвено светло на семафорите, а затекнати се и 36 лица возачи кои управувале возило без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 73 возила.

По повод празникот 2-ри август традиционално се очекува зголемено присуство на граѓани на излетничките места во околината на градот како што се: Матка, Сарај, Водно, Маркова Река, Скопска Црна Гора поради што полицијата ќе го зголеми своето присуство на соообраќајниците кои водат кон овие места.

Од СВР Скопје посочуваат дека искуството од минатите години покажува дека токму на овој ден причини за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици се алкохолот и непочитувањето на ограничувањето на брзината на движење на возилата, поради тоа апелираат до сите граѓани кои што ќе консумираат алкохол да се воздржат од управување на своите возила односно да го доверат управувањето на друго лице или да користат возила од јавниот превоз. Сообраќајните патроли што ќе бидат распоредени на теренот ќе вршат засилена контрола на брзината на движење на возилата како и алко-тестирање на возачите.
По повод националниот празник Илинден (2 август) ќе се одржи манифестација во централното градско подрачје, поради тоа со почеток во 9 часот и 30 минути ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октмври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крст со Бул.„Кочо Рацин“ до крст со ул „Васил Главинов“ и „Даме Груев“ и ул „Филип Втори“ од крстосницата пред „Холидеј Ин“ до Градска Болница и ул „Даме Груев“ на потегот од крст.со ул „Македонија“ до Собрание на Македонија.
Од полицијата апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи особено кога станува збор за брзината, како и управување на возилата под дејство на алкохол.
Од СВР Скопје велат дека според искуството од минатите години токму на овој ден причини за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици се алкохолот и непочитувањето на ограничувањето на брзината на движење на возилата.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски