Изминатите 24 часа 13 сообраќајки во Скопје, загина велосипедист

Од:

Еден велосипедист е загинат, двајца пешаци и еден велосипедист се тешкo повредени, а пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила три нерегистрирани возила и еден возач пред да се стекне со право на управување на моторно возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 60 возила.

Санкционирани се и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло и еден за не правилно престигнување.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози