Изминатата недела во Центар санкционирани 159 непрописно паркирани возила

Од:

Во текот на изминатата недела се санкционирани 159 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Центар, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 93 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 66 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој што биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници.

Би можело да ве интересира

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Ана Ололовска

Бесплатно паркирање за лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ

Ана Ололовска

Се формира ново општинско комунално претпријатие во рамки на ПОЦ

Ана Ололовска

На „Ленинова“ и „Максим Горки“ веќе нема паркирање со пораки, на тие места ќе паркираат жителите

Жарко Настоски