Изминатата недела помалку новозаразени, но и повеќе починати од Ковид-19

Од:

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 05 до 11 април 2021, тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 13,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 16,2 до 29,6%, или во просек 24,3%, со зголемување за 5,0% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.106, 30,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.245; 18,1%), 40-49 (n=1.201; 17,5%), 30-39 (n=1.176; 17,1%) и 20-29 (n=711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=112; 1,6%) и 10-19 години (n=316; 4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица. Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 05 до 11 април 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

Драстично зголемување на бројот на заболени од грип

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска