Изминатата недела нови 15 случаи на Ковид во Охрид, 24 во Струга и 8 во Дебар

Од:

Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесуваат на населението што живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, покажуваат дека во периодот од 12 до 18 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 47 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, 24 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар.

Во овој период за тестирање земени се вкупно 116 примероци, од кои 52 по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 64 со упат од матичен лекар.

Според објавените податоци, во Охрид моментално има 48, во Струга 64, а во Дебар 40 активни случаи на заболени со коронавирус. Починати се седум лица од кои три од Охрид и пет од Струга. Во истиот период оздравени се 21 лице од Охрид, десет лица од Струга и две лица од Дебар.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1 315 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 401 лице во општините Охрид и Дебрца, 639 лица во општините Струга и Вевчани и 275 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 335 пациенти од Охрид и Дебрца 518 од Струга и Вевчани, а од Дебар и Центар Жупа 275 пациенти. Црниот биланс досега се 18 починати лица од Охрид и Дебарца, 57 од Општина Струга и 13 од Дебар и Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска