А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Измените на Законот за здравствена заштита ќе донесат крупни промени, велат од Министерството за здравство

by А1он16/11/2021 - 15:25591
Share0

Од Министерството за здравство велат дека новите измени на Законот за здравствената заштита кој денеска беше усвоен на седница на Владата, гарантираат крупни промени во здравствениот систем.

Добивај вести на вибер

„Со новините во законската регулатива се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни. Министерството за здравство, сега со новите измени овозможува лекари специјалисти да работат во кое било ЈЗУ во државата. Измените на Законот предвидуваат:

1.Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион.

2.Од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови, и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството.

3.Во ординациите на матичните лекари, пациентите остануваат во истата ординација доколку нивниот матичен лекар се пенизонира, или го напушти тоа работно место. Со тоа пациентите лесно продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација.

4.На веќе вработените лекари, за шест месечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени.

5.Законот исто така за првпат го регулира и вклучувањето на граѓанските органзиации во системот на здравствена заштита“, наведуваат од Министерството за здравство.

ministerstvo za zdravstvovlada

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен