Измените на Законот за минерални суровини го поминаа комисискиот филтер

Од:

Собраниската Комисија за економски прашања не ги прифати четирите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП за измените на Законот за минерални суровини, во скратена постапка. Ова е прв од осуммте закони поврзани со Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д со „Бехтел и Енка“.

И ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Балковски од ВМРО-НП имаа поднесено по два амандмани и тоа за издавањето на дозвола за експлоатација на минерлани суровини и за скратување на рокот за експлоатација.

Со измените е предвидено ископувањето да продолжи шест месеци по завршување на работите, додека опозоциската ВМРО-ДПМНЕ бараше тој рок да се намали на три месеци.

И на денешното продолжение на седницата опозициските пратеници и пратениците од ДУИ дебатираа за законските измени и за Договорот. ВМРО-ДПМНЕ повтрно го бараа Договорот и прашуваа како пратениците од ДУИ потпишале законски решенија а не знаат што има во договорот.

-На невидено предлагате закон. На нешто што некој ви рекол дека постои во договор. Не е првпат пратеници да се итрчаат. Каква неодговорност кон граѓаните. Да жртвувате природно богаттво, да жртвувате човекови права и да жртвувате право и правда бидејќи никој не знаеме што ќе се случува во меѓувреме и да тврдите дека со тоа ќе влезете во иторијата и дека ние ќе бидеме запаметени дека не сме ја разбрале иториската улога на оние кои што гледаат напред, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Пратениците од ДУИ најавија дека накоро сите ќе го видат договорот, но рекоа и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го смени пристапот.

Бедри Фазли рече дека изградбата на коридорите треба да трае 4 години и седум мееци. Според него, доколку не се донесат осумте закони изградбата ќе се пролонгира и ќе биде поскапа.

Пратеничката Рина Ајдари рече дека ова се прави за да бидат поефикасни и да и се помогне на Владата.

-Овие измени треба да се поддржат затоа што проектот ќе се направи и без нив, но ние ќе останеме во историјата како пратеници кои сме го поддржале, рече Ајдари.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата