Измените на законите за СЈО и заштита на сведоци на собраниска седница

Од:

Собранието на Република Македонија на денешната 123-та седница ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

На дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за енергетика и на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по Предлог законот за дополнување на Законот за административни службеници и Предлог законот за изменување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по скратена постапка, поднесени од пратениците од опозицијата

Се очекува на оваа собраниска седница, пратениците да дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка.

На агендата на денешната седница е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик