Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, поврзани со коридорите 8 и 10д, на собраниска комисија

Од:

Собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе ги разгледува Предлог измените на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, еден од законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.

Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини предвидуваат усогласување на одредбите на овој закон со одредбите на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа –Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија(„Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) во делот кој се однесува на доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за изградба на државни, општински патишта и хидротехнички објекти, како и патни коридори.

Според најавите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани и за овој закон, чија потреба за носење помина на 112. седница во понеделеникот, заедно со уште седум други закони коишто се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.

Собраниската комисија за економски прашања денеска треба да одржи уште една седница. На дневен ред се Предлогот на закон за задруги, второ читање, Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година и Предлог одлуката за утврдување на процентот на искористеност во однос на вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водостопанство на Република Северна Македонија за 2023 година.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска