Измени на режимот на сообраќај на неколку улици во Кочани

Од:

Општина Кочани во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на денешната седница одлучија од 11 месецов да биде воведена измена на режимот во сообраќајот во централното градско подрачје на Кочани.

Сообраќајот на улицата „ВМРО“ (поранешна „Маршал Тито“) ќе се одвива во еден правец во насоката југ-север односно од Двојниот мост кон Плоштадот, а на улицата „Кеј на Револуцијата“ во насоката север-југ, од Плоштадот кон Кружниот тек.

Сообраќајот, пак, на ул. „Доктор Николиќ“ ќе биде еднонасочен во правец од Црвен крст до управната зграда на КЈП „Водовод“, а на „Илинденска“ во правец од црквата „Св. Ѓорѓи“ до Црвен крст, изјави Кирил Атанасов од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на Кочани.

На учесниците во сообраќајот ќе имаат две седмици како период за прилогодување кон изменетиот режим, а предвиден е и период за превенција.

Изменетиот режим во сообраќајот се очекува да внесе измени и во трасата на градскиот превоз, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип