Измамник ветувал вработувања во МВР

Од:

СВР Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово заедно со кривична пријава го спроведе лицето Б.М. (27) од село Арачиново, поради постоење основано сомнение дека сторил шест кривични дела – “измама“.

Б.М. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, измамил повеќе лица доведувајќи ги во заблуда дека ќе ги вработи во Министерството за внатрешни работи (а во еден случај ветил вработување во Министерството за финасии на негов поранешен училишен другар) притоа земајќи од оштетените различни суми пари како надомест за “завршената“ работа.

Притоа, пријавениот преку лажно прикажување како вработен во МВР, поточно како фисок функционер во министерството и слично, покрај ветувањата за вработувања, на дел од оштетените им ветувал дека ќе им обезбедил дипломи за завршен четврт степен на средно образование при што сумата што најчесто ја барал за сите тие “услуги“ изнесувала до 5.000 евра. Дел од парите ги добивал веднаш а остатокот барал оштетените да му го исплаќаат после завршената работа како месечни рати од по 100 евра. Досега во СВР Куманово се евидентирани и документирани шест случаи на измама.

По предходно добиена судска наредба извршен е претрес на Б.М и во негово ПМВ марка „Ровер“ при што се пронајдени 450 евра, повеќе фотокопии од дипломи, уверенија за државјанства, индекси, изводи од МКР итн. Б.М и порано е пријавуван за кривични дела „Измама“.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип