Измамник преку телефонски повик заработил 760 евра

Од:

Во ОВР Гостивар, вчера 31-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра.

Според пријавеното, дента околу девет часот засега непознатиот измамник и се јавил на жртвата преку социјална мрежа и се претставил како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација.

„Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски