Измамено лице од Вратница во близина на зелениот пазар во Тетово

Од:

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека Т.З (78) од тетовското село Вратница вчера околу 14 часот пријавил дека бил измамем од засега непознато лице кое му одзело 2.500 денари и 50 евра.

– Според пријавата на старецот додека одел по улицата 120 во близина на зелениот пазар во Тетово му пришло за него непознато лице и започнало разговор при што му побарал пари ,за како што му рекол, да се напие кафе. Откако Т.З. го извадил паричникот видел дека нема ситно по што измамникот му рекол дека тој ќе ги раситни парите, му го зел паричникот, заминал и не се вратил. Откако увидел дека е измамен старецот го пријавил случајот во полициската станица Тетово. Полицијата презема мерки за откривање на идентитетот на сторителот и расчистување на измамата, изјави Јосифовски.

Според Јосифовски годинава на подрачјето што го покрива СВР Тетово биле забележани 5 измами за што полицијата поднела 5 кривични пријави против исто толку лица. Најчеста цел на измамите во последниот период се постари лица. Во текот на изминатата година во овој регион биле забележани 25 измами за кои се поднесени кривични пријави за 16 лица меѓу кои има и лица кои го повторуваат ова кривично дело.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари