Измама во Куманово: Жена остана без 2.000 евра

Од:

Во СВР Куманово, 78-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично.

Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра