Измама: Тетовец остана без 6.000 евра откако плати за стан кој никогаш не го доби

Од:

МВР извести дека 49-годишник од тетовско село пријавил дека во периодот од 2019 до 2023 година бил измамен за сума од 6.000 евра.

Според пријавеното, во 2019 тој дал капар од 5.000 евра за купување стан, но станот бил продаден на друго лице и парите му пропаднале.

Како што е пријавено, пролетва со него и неговата сопруга стапило во контакт лице кое се претставило како адвокат и им ветило дека може да им помогне станот да биде на нивно име, за што побарало 1.000 евра, а по извршената уплата му дало уплатница на друго име, по што се посомневал дека е измамен и пријавил во полиција.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски