„ЦИВИЛ – Центар за слобода и Форум – Цивилен мировен сервис во среда, на 3 jуни, во 19 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе организираат изложба „Соочување со минатото“.
„Соочување со минатото” се одржа од 13-19 март, 2015 год. во Струга со уметници од Македонија, Косово и Албанија, во организација на германската организација Форум – Цивилен мировен сервис Македонија и ЦИВИЛ – Центар за слобода.
„Соочување со минатото“ е обид да се придонесе кон општествените напори на современите општества да научат да живеат со минатото и темата да се афирмира во нашата земја, а со тоа да се придонесе кон овие процеси актуелни во интелектуалните, односно научните и уметничките кругови во регионот и во светот“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.
Уметниците чии дела ќе бидат изложени се:
Мирослав Стојановиќ • Јана Куновска • Касиопеја Наумовска • Верица Димеска • Симонида Филипова Китановска • Дороти Пачкова • Тома Димовски • Филорета Ахмети • Лена Цветанова • Инес Ефремова • Дијана Богдановска • Цветанка Јованова Хермес • Брунилда Первизи • Јана Јакимовска • Афрдита Кики • Генц Троли • Даница Митиќ • Аријета Селмани • Џабир Дерала • Атанас Ботев • Мирна Арсовска • Валентин Димановски