Изложба на макети на воени воздухоплови и оклопна техника

Од:

 Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде отворена изложба на макети, минијатури и диорами изработени од макетари од Скопје и од Тетово.

На изложбата првпат ќе бидат изложени стотина макети на воени воздухоплови и борбена оклопна техника на модели кои потекнуваат од Првата и Втората светска војна, па се до денес, како и воени орудија на Армијата на Република Македонија.

Автори на макетите се Драган Цветиќ, Славчо Георгиевски, Александар Стојановски, Михајло Ивановски, Душко Кировски и Бојан Јанковски.

Изложбата ќе ја отвори командантот на военото воздухопловство, полковник Кире Колевски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он