Изложба „25 години независна Република Македонија“ во Кочани

Од:

На 20 паноа изработени од Државниот архив на Република Македонија и од авторот на изложбата м-р Дора Јурукова во Кочани беа претставени фотографии и документи од најважните општествени случувања во досегашното две и пол децениско постоење на македонската држава.

Изложбата насловена „25 години независна Република Македонија“ е изготвена по повод минатогодишното одбележување на јубилејот 25 години од независноста на Македонија.

– На изложбата ја имаме претставено Декларацијата за независност на Република Македонија, претставени се првите денари на Република Македонија, АРМ, настани од областа на културата, документи од областа на археологијата, уметноста, конфликтот од 2001 година и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, рече Слободан Ников, раководител на Државен архив на Република Македонија.

Изложбата во Кочани е како резултаат на долгогодишната соработка на Центарот за култура „Бели Мугри“ од Кочани и Државниот архив.

– Самата политичка состојба ќе не предизвика да дојдеме да ја погледнеме изложбата, да видиме како било во време на прогласувањето на Македонија за независна држава. Од тогаш не поминаа многу години, туку 25 години, но имаме настани од спортот, од културата и до општествено-политичкиот живот и функционирање на нашата држава, рече Коце Стојменов, од ЦК „Бели Мугри“.

Изложбата досега е претставена во Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија и во Кочани. Инаку, фотографиите и документите кои што се претставени на изложбата се преземени најголемиот дел од Државниот архив, но и од Собранието на Република Македонија, Владата, Министерството за одбрана, Археолошкиот музеј на Република Македонија и од други институции од национален карактер. Изложбата во кочанскиот Центар за култура ќе биде отворена две недели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот