Излезнота на гласачите во Струга во првите три часа 7 отсто

Од:

Во вториот круг од локалните избори во Општина Струга што се одржуваат денеска до 10 часот излегле околу седум проценти од вкупниот број гласачи, информира претседателот на Општинската изборна комисија Џенгис Хани.

– До 10 часот на гласање излегоа околу седум проценти од граѓаните кои имаат право на глас. Ова претставува помала излезност во споредба со првиот круг од локалните избори кога до 10 часот излегоа десет отсто од избирачите.Причина може да биде и врнежливото време денеска, за разлика од пред две седмици кога на денот на гласањето имавме сончево и топло време, вели Хани.

Според него, сите избирачки места биле отворени навреме, утрово во 7 часот и гласањето се одвива без проблеми.

Во Општина Струга се гласа на 78 избирачки места, а вкупно 56.341 гласачи во вториот изборен круг на кој се избира нов градоначалник избираат помеѓу двајца кандидати.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?