Излезноста до 9 часот е 3,85 отсто, нема проблеми во гласањето информираше ДИК

Од:

Според податоците од 832 избирачки места кои пристигнале до ДИК до 9 часот да гласаат излегле 15.487 гласачи од 402.748 избирачи со право на глас, односно 3,85 отсто ивормираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

На првата денешна прес конференција за првиот круг од претседателските избори, Даштевски рече дека сите избирачки места се навреме отворени и се гласа веќе два и пол часа.

„Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка“, рече Даштевски.

Вели дека тоа се лица кои не се пронајдени на списокот, а некои посериозни проблеми нема.

Следната прес – конференција ќе биде во 13.30 часот кога ДИК ќе информира за текот на гласањето и излезноста до 13.00 часот.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште