Во Струга до 17 часот 53,4 отсто излезност, а во Вевчани 73,5 отсто
До 17 часот излезноста во општина Струга е 53,4 отсто, а во Вевчани 73,5 отсто.
Претседателите на општинските изборни комисии информираа дека и во двете општини гласањето се одвива мирно и до нив не стигнале забелешки.
– До нас нема стигнато ниту една забелешка. Се надевам така и ќе заврши денешниот изборен ден во сите 101 избирачко место, изјави претседателот на ОИК Струга, Бледар Зиба.
Претседателката на ОИК Вевчани, Параскева Гогоска – Кукоска информира дека од 2.044 регистрирани гласачи, своето избирачко право го оствариле 1.503 лица во три избирачки места.
Во Гевгелија 72,39 отсто излезност до 17 часот
Гласањето на предвремените парламентарни избори во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово до 17 часот се одвиваа во фер и демократска атмосфера, со голема излезност на граѓаните на избирачките места.
Претседателка на ОИК-Гевгелија Гордана Поп-Кочева соопшти дека до 17 часот гласале 14.016 од запишаните 19.363 гласачи, односно дека излезноста на гевгеличани изнесува 72,39 отсто.
Еден отсто помалку, или 71,2 отсто изнесува излезноста на дојранчани. Претседателот на ОИК, Митко Андонов изјави дека до 17 часот на гласачките места излегле 1.969 од запишаните 2.568 избирачи и оти изборниот процес продолжува во најдобар ред.
Голема е излезноста на избирачите и во Валандово и Богданци.Од запишаните 10.024 граѓани во општина Валандово до 17 часот гласале 6.802 избирачи што претставува излезност од 67,9 отсто, а во општина Богданци гласале 4.620 од вкупно запишаните 6.906 граѓани што преттавува излезност од 66,90 отсто.
Од општинските изборни комисии нагласија дека изборниот процес до сега се одвива регуларно и без приговори.
Во Кавадарци до 17 часот излезноста 70,09 отсто, во Росоман 75 проценти
Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09 отсто од гласачите, а во Росоман 75 проценти, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ.
Според нив, гласањето почна навреме.
Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места и засега изборите течат без проблеми, со исклучок на 30-минутниот прекин на едно избирачко место. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во оваа општина се запишани 32.431 гласач.
И во Росоман навреме беа отворени десет избирачки места и засега гласањето е без проблеми. Регистрирани се 3.393 избирачи.
Излезноста до 17 часот во Крива Паланка 70 отсто
На два часа од затворање на избирачките места излезеноста на гласачи во општина Крива Паланка изнесува 70 отсто, додека дека во Ранковце е 66,2 отсто.
– Во општина Крива Паланка на вкупно 47-те избирачки места во градот и 33 населени места досега гласале 11.999 граѓани што претставува 70 отсто од вкупната бројка регистрирани гласачи, 17.068, информира Душко Арсовски, претседател на Општинска изборна комисија, Крива Паланка.
Во општина Ранковце на 13 избирачки места до 17 часот гласале над 66 отсто од гласачите. – Од вкупно регистрирани 3074 гласачи своето избирачко право досега го остварија 2156 или 66,2 отсто, изјави Даниел Трајковски, претседател на ОИК, Ранковце.
Во двете општини има вкупно 20.142 гласачи.
Во Кочани до 17 часот гласале 62 отсто од запишаните граѓани
Во општина Кочани до 17 часот бројот на граѓаните кои излегле да гласаат изнесува 20.723 што преставува 62 проценти од вкупниот број на запишани 32.933 граѓани со право на глас. До Општинската изборна комисија не се поднесени забелешки за нерегуларности во изборниот процес, изјави Далиборка Стојанова, претседателката на Општинската изборна комисија во Кочани.
Во општина Виница до 17 часот гласале 9.481 граѓанин со право на глас од вкупно запишаните 17.071 или во проценти 56 отсто.
Во општина Чешиново Облешево до 17 часот е забележана излезност од 66 отсто. Од запишаните 5.716 гласале 3.783 граѓани, додека во општина Зрновци до 17 часот гласале 58 отсто од запишаните 2.613 граѓани, односно гласале 1.523 граѓани со право на глас.
Во Општина Велес до 17 часот гласале 62 отсто од гласачите
Во Општина Велес на 84 избирачки места од регистрираните 46.394 на Единствениот избирачки список, според информацијата од Општинската изборна комисија до 17 часот своето право на глас го оствариле 28.928 или 62 отсто од гласачите.
– Гласањето се одвива мирно и без инциденти со мали приговори кои ние веднаш ги препраќаме до Државната изборна комисија, онака како што налагаат правилата за избори, нагласува Лили Велковска претседател на Општинската изборна комисија.
Во Ресен излезност од 57 проценти до 17 часот
Во општина Ресен до 17 часот излезноста е 57 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски.
Од регистрирани 16.562 гласачи во избирачкиот список на 50 избирачки места, според него гласале 9.544 лица.
– Изборите течат во мирна, фер и демократска атмосфера. Нема нерегуларности. Имаше краток прекин на електрична енергија во неколку села во правецот кон Долна Преспа, но по интервенција на екипи на ЕВН, проблемот е надминат и гласањето продолжи, изјави Пецалевски.
Изборниот процес во Битола и Демир Хисар во завршна фаза
Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар информираат дека гласањето на денешните предвремени парламентарни избори се реализира без пречки и е во завршна фаза, а гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.
Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места и досега гласале 66,34 отсто од евидентираните 82.212 граѓани со право на глас, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Во Демир Хисар се гласа на 35 места каде се евидентирани 7.247 граѓани. До 17 часот гласаа 71,14 отсто од граѓаните, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
До 17 часот одѕивот во Тетово 53,41 отсто
Изборниот ден во тетовскиот регион изминува мирно и без проблеми.
Според податоците од општинските изборни комисии до 17 часот со најмал одзив е Желино со 37,5 отсто од запишаните избирачи, во Боговиње на гласање излегле 44,38 отсто, Теарце 47,7 додека над половина од избирачите излегле во Брвеница 50,2 отсто, Јегуновце 52,5 и во најголемата општина во регионот Тетово со одѕив од 53,41 отсто од запишаните избирачи.
Во општина Гостивар до 17 часот гласале 34.556 избирачи
Излезноста во општина Гостивар до 17 часот достигна 45,2 отсто. Вкупно 34.556 граѓани го искористија правото на глас, информира претседателот на Општинската изборна комисија Мустафа Муслиу.
Според ОИК Гостивар, изборниот процес засега се одвива добро и не се регистирани застои или попречувања.
Во општина Гостивар во единствениот избирачки список се регистрирани 76.362 лица, а правото на глас го остваруваат на 121 избирачко место.
Сите гласачки места беа отворени навреме, во 7 часот.
Во Неготино до 17 часот гласале 73,41 отсто, а во Демир Капија 74,94 проценти
Во Неготино до 17 часот гласале 73,41 отсто од избирачите, а во Демир Капија 74,94 проценти, информираа Нетка Веселинова и Стојна Топчиева, претседатели на општинските изборни комисии во двете општини.
Тие соопштија дека гласањето кое започна навреме, поминува без проблеми.
Во Неготино се евидентирани 15.992 лица со право на глас, а во Демир Капија 3.368.
Во општина Врапчиште до 17 часот одѕивот 49,1 отсто
Гласањето во општина Врапчиште се одвива непречено и нема нарушувања на избирониот процес на 39-те избирачки места. До 17 часот на гласање излегле 10.242 гласачи или 49,1 процент, изјави претседателот на Оопштинската изборна комисија Имер Ќазими.
Во оваа горнополошка општина, право на глас имаат 24.439 лица кои избираат пратеници на предвремените парламентарни избори во 6ИЕ, од девет листи кои ги понудија три политички партии и шест коалиции. Вчера ОИК Врапшиште ововозможи гласање на 28 лица кои беа пријавени како болни и изнемоштени.
Во Охрид до 17 часот гласале над 74 отсто, во Дебрца излезноста 66 отсто
Според Општинската изборна комисија на гласање до 17 часот во 88-те избирачки места во Охрид излегле вкупно 32.189 лица, што е 62,02 отсто од вкупно запишаните лица со право на глас или 74,93 процент од основниот избирачки список.
Како што соопшти ОИК, за гласањето во изборното место 1299 во селото Лескоец по инструкција на ДИК во извештајот од текот на изборниот процес ќе биде ставена забелешка дека недостигало едно гласачко ливче.
Што се однесува на изборите во Општина Дебрца, правото на глас на предвремените парламентарни избори го оствариле вкупно 66 проценти од регистрираните 4.493 гласачи.
Во мавровско-реканскиот крај до 17 часот гласале 3.319 избирачи
До 17 часот во мавровско-реканскиот крај гласале 3.319 избирачи или 37 отсто од вкупно запишаните 8.964.
Како што информира претседателката на Општинската изборна комисија Тамара Смилеска, гласањето се одвива непречено и без проблеми на сите 39 избирачки места.
Правото на глас вчера им беше овозможено на 34 лица кои претходно се пријавиле како болни и изнемоштени.
Во Куманово до 17 часот одѕивот 57,4 отсто
Гласањето во кумановскиот регион се одвива непречено. Според податоците на ДИК во Куманово до 17 часот одѕивот е 57,43 отсто, во Липково 46,31, а во Старо Нагоричане 56,92 проценти.
Во Куманово се гласа на 167 избирачки места, а евидентирани се вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица.
Во Липково право на глас имаат вкупно 24.348 лица кои гласаат на 36 избирачки места. И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива на 37 избирачки места, а право на глас имаат 3.462 гласачи.
До 17 часот одѕивот во Кичево 51,5 отсто