Излевање на фекалната канализација во Кавадарци поради обилните врнежи

Од:

Раководителот на одделението за водовод на јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци извести дека поради обилните врнежи и оштетувањето на фекалниот, настанато од нелегалните приклучоци на атмосферски води во него, дошло до излевање на фекалниот колектор на неколку места.

– Нашите екипи се терен и постојано вршат отпушување на колекторот каде настанало запушувањето, за да ги намалиме штетите и можностите за излевање на колекторот. Таму каде што е потребно вршиме и копање, ако не може со цистерна или со сајла да се заврши работата, појасни тој.

Тој додаде дека излевањето е најчесто во подрумските простории, затоа што граѓаните си извршиле приклучок на нивните подруми на фекалниот колектор и си направиле во подрумот да имаат кујни со што несвесно го оптовариле колекторот.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он