Излета автомобил од стариот пат Градско – Велес

Од:

Излета автомобил од марката Југо од стариот пат Градско – Велес. Возачот, шеесет и едногодишниот К.Ѓ. се здобил со полесни повреди но е надвор од животна опасност, рече д-р Силвана Мишкова портпаролот на општа Болница во Велес, пренесе порталот Дума.

Tој сепак ќе биде задржан ноќва на набљудување на хирушкото одделение. Станува збор за жител на Скопје кој е роден во Велес.

Сообраќајната несреќа во која возачот на југото, сопственост на фирмата Конти Хидропласт, е полесно повреден се случила околу 17 часот на стариот пат од Градско кон Велес. Возилото од засега неутврдени причини излетало од патот, веднаш под надвозникот, и заринкало во земјата под автопатот. Тоа немаше големи оштетувања освен пукнато предно стакло и скршен дел од браник.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он