Излегол на викенд од затвор и ограбил жена во Битола

Од:

Вчера полицајци од СВР Битола го уапсиле И.М.(30) од Кичево.

Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната.

Исто така, тој се сомничи дека дента околу 12 часот на улицата „Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит.

Насилникот е спроведен во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси двајца разбојници од Куманово

Разбојници во семеен дом нападнале постар скопски брачен пар

Ноќеска во Куманово се уапсени четворица разбојници