Обвинителство бара притвор за разбојниците кои се обидоа да го ограбат „Нептун“ кај Градскиот стадион во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за притвор за двете лица кои во петокот извршија разбојништво во продавницата „Нептун“ кај Градскиот стадион во Скопје.

Двете лица на возраст од 21 и 27 години се сомничат за кривично дело разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 29 ноември, двајцата осомничени со електрични тротинети дошле до продавницата за бела техника „Нептун” кај Градскиот стадион. Биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, додека едниот осомничен на себе носел и импровизирана рачно изработена експлозивна направа во форма на динамит. Двајцата соизвршители влегле во продавницата, во која во тој момент биле присутни повеќе вработени, возрасни купувачи, но и три деца. На сите им се заканиле со оружјето и експлозивот, а еден од осомничените застанал пред вратата за да ги спречи да излезат. Другиот осомничен влегол зад пултот од каде ги одзел парите од кадите, па заканувајќи се со оружјето побарал од вработените да му го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери. Вкупно со разбојништво и закана по животите на присутните осомничените одзеле пари во вкупна вредност од 556.146 денари, ги предупредиле присутните да не повикуваат полиција и излегле од продавницата – се наведува во информацијата од Јавното обвинителство.

Двајцата беа приведени во непосредна близина, пред продавницата од страна на полициски службеници.

Би можело да ве интересира

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски