ИЗИИС прогласен за Институт на УНЕСКО

Од:

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) е прогласен за институт на УНЕСКО. Одлуката е донесена на седница на Извршниот одбор на УНЕСКО што се одржа во Париз.

ИЗИИС информира дека со прогласување за институт на УНЕСКО ќе го промени своето име, односно оти во иднина ќе се вика Меѓународен институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ИЗИИС Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

На инсистирање на Институтот, покрај новото име ќе стои и кратенката ИЗИИС по која тој е препознатлив во светот.

Во иднина, како што информира ИЗИИС, во своите меморандуми покрај неговото лого и логото на Универзитетот, ќе го користи и логото на УНЕСКО.

– Со прогласувањето за Институт на УНЕСКО, ИЗИИС е единствената и прва институција на УНЕСКО од Македонија. ИЗИИС ќе биде и единствениот Институт на УНЕСКО кој ќе работи во областа на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од катастрофалните земјотреси. Приемот како Институт на УНЕСКО  е несомнен успех за ИЗИИС, за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и за Владата на Р. Македонија, се вели во соопштението.

На седницата на која беше донесена одлуката присуствуваше директорот на ИЗИИС, како и амбасадорот на Република Македонија во Франција и УНЕСКО  и министер советникот на Амбасадата на Р. Македонија во Франција.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје