Изграден регионален пат Ранковце – село Крилатица, Кратовско

Од:

Средства во висина од околу 40 милиони денари од јавното претпријатие Државни патишта на Македонија се инвестирани во изградбата нановиот регионален пат, меѓуопштинскиот пат Ранковце – село Крилатица, општина Кратово.

Градоначалникот на општина Pанковце, Ивица Тошевски, информира дека патот е со вкупна должина од шест километри, од кои 4 се на подрачјето на Ранковце.

– Патот е завршен и веќе е во функција. Тој е во должина од шест километри и широчина од четири метри. Патот ги поврзува општина Ранковце- центар- маала Бабунци-село Ветуница до село Крилатица во Кратовско, со што скратен е значително патот кој досега жителите на двете општини го минуваа преку месноста Чатал, кај Страцин. Направени се и дополнителни пет километри тампониран пат, истакна Тошевски.

Патот е особено фреквентен во време на пазарните денови во двете општини, кога жителите ги пласираат земјоделските производи на пазарите.

– Овој регионален пат најмногу го користат жителите и трговци од Ранковце и околните села, како и на кратовските села Османци, Трновац и Крилатица. Намалени се и времето за патување и трошоците на граѓаните, бидејќи нема потреба од заобиколување, како претходно преку Чатал. Oлеснет е и сообраќајот на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка, додаде Тошевски.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска