Изградба на нова атмосферска каналзација на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Од:

Општина Бутел и Град Скопје од среда ќе почнат со изградба на атмосферска канализација на улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од кружниот тек до улицата „Бутелска“. Но, работите ќе се одвиваат во две фази.

Како што информираат од Општина Бутел првата фаза ќе ја опфати делницата од кружниот тек до семафорите а работите ќе траат 1 месец.

Општината ги информира граѓаните дека ќе биде променет режимот на сообраќај. Во наредните 30 денови тој ќе се одвива по улицата „Хо Ши Мин“ преку улицата „Цетинска“ или пак преку новата делница на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“.

За граѓаните што гравитираат кон Градските гробишта и Општината Чучер Сандево, сообраќајот ќе се одвива преку улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек и обратно, информираат од Бутел.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

(ВИДЕО) Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

Ливриниќ на средби со жителите на населбата Ферид Бајрам – најавени нови инфраструктурни и комунални инвестиции

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Во општина Бутел направивме спортска револуција

Горан Наумовски

Шукова: БРТ системот ќе го подобри транспортот и во Општина Бутел, планираме воведување на две клучни линии

Горан Наумовски