Во салата на Општина Бутел, беше извршена јавна презентација на основните проекти за новите градинки: „Бутел 2“ и „Св. Климент Охридски“ во Бутел 1.
Презентацијата на проектите беше реализирана од страна на професорките од Факултетот за архитектура и дизајн на Американ колеџот од Скопје: Виолета Бакалчев и Викторија Еремеева Наумовска, кои се овластени проектанти на „БХ Архитектс“ – Тетово и „Монт Импекс Инженеринг„ – Скопје.
Во оваа пригода градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека ќе добиеме две нови современи градинки кои се проектирани согласно потребите на децата, кои ќе имаат кино сала, театар, базен.
– Ова ќе бидат првите две градинки не само во Општината, туку и во Македонија кои кои ќе бидат проектирани и изградени според најсовремени стандарди, додаде градоначалникот Смилевски.