Изготвена студијата за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Од:

Студенчишкото блато како нераздвоен дел од еко-системот на Охридското Езеро, ја доби експертската студија со која се валоризира неговата вредност како чекор напред во процедурата за негово прогласување за заштитетно подрачје во категоријата парк на природата.

Со изготвување на студијата почнува процедурата за негово прогласување за заштитена зона, што е долгогодишна заложба на експертите и екологистите, имајќи ја предвид неговата важност за флората и фауната на Охридското Езеро како споменик на природата заштитен од УНЕСКО.

Научниците посочуваат дека Студенчишкото блато е дом на повеќе видови растенија што се пред исчезнување на европското тло, но и ендемични алги кои се среќаваат само тука.

Професорот Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт вели дека во Студенчишкото блато најверојатно има и други неоткриени видови бидејќи блатото досега не било предмет на некои поголеми научни истражувања.

– Не е детално истражено, освен оваа студија, така што од научна гледна точка за проучување на Студенчишкото блато престојат светли денови во поглед на расветлување на неговото минато, изјави Талевски.

Со години наназад се посочува на потребата од повторно вопоставување на „врската“ на блатото со езерото, прекината поради изведбите на некои од патеките што водат од Охрид кон плажите преку мостот на самиот Студенчишки канал. Треба да се изнајде начин преку соодветни цевководи или пропусти под самата пешачка зона и патека да се овозможи комуникацијата на блатото со езерото, што за експертите е неопходно за нормален живот на животинскиот и растителниот свет.

Студенчишкото блато особено е важно бидејќи претставува едно од местата каде се врши мрестењето на охридскиот крап.

– Ако се има предвид дека вкупната површина на трската во Охридското Езеро на македонска страна е 70-тина хектари, додека самото Студенчишко блато е на површина од 65 хектари од кои најголем дел обраснати во трска, може да се констатира дека токму тоа е еден од најгзначајните места за мрест на крапот, вели Талевски.

Планот за Студенчишкото блато предвидува зона на активно управување каде што ќе може да има одредени активности, како делови што би биле интересни и достапни за посетители вљубеници во природата, но и зона на строга заштита каде што пристап ќе имаат само претставници на научната фела.

Би можело да ве интересира

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита

Ана Ололовска

Чоловиќ Лешоска за прогласувањето на третото Рамсарско подрчаје: Да се стави крај на загадувањето и непланската урбанизација

Студијата за валоризација на Студенчишкото блато, прв чекор кон негово прогласување за заштитено подрачје

А1он

Студенчишко блато наскоро ќе ја добие заштитата како интегрален дел од Охридското Езеро

Ана Ололовска

Предлог-проект за заштита и туристичка валоризација на Студенчишко Блато

Ана Ололовска