Изгореа шест простории во Инспекторатот за животна средина, електричната инсталација е причинина за пожарот

Од:

Електричната инсталација е најверојатно причината за пожарот во канцелариите на Инспекторатот за животна средина, смета Владимир Симоновски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот во просториите е изгасен за два саати, соопшти Симоновски, кој додаде дека станува збор за комплексна операција бидејќи пристапот бил тежок. Првичната проценка кажува дека се опожарени шест простории.

„Пожарот е пријавен во 6:50 минути, канцеларии на СЕП, така е дојавен пожарот од страна на чуварот. Тука е пристигнато во 6:55, при самото пристигнување со првите две возила, побарани се дополнителни две возила. При самата интервенција имавме девет противпожарни возила и 24 пожарникари. Можевте и сами да видите дека станува збор за сложена интервенција, затоа што внатрешниот дел, ова не се канцеларии на Секретаријатот за европски прашања, ова се на Инспекторат за животна средина. Станува збор за стара Комерцијална банка, која внатре е преградена со секакви ходници, секакви гипс картони и стаклени врати. Во моментот внатре не работи ниту еден хидрант, ниту една хидрантска мрежа. Тоа претставуваше поголем проблем, бидејќи не можевме да го затвориме пожарот од внатрешна страна, моравме преку прозори со кршење, да влеземе внатре. Пожарот е локализиран околу 8:50 минути“, рече Симоновски.

Во просториите каде избувнал пожарот, немало вработени, потврди командантот на Противпожарната бригада.

„По она што ние го видовме внатре и екипите кои догнасуваат внатре, причината веројатно е поради некои канцелариски материјали и некоја електрична инсталација. Причинител не е можно во овој период да биде грејно тело, се е до електричната инсталација, ЕВН ја немаше исклучено струјата до пред 30 минути, имавме уште под напон струја, затоа го гасневме во толку наврати. Внатре немаше ниту еден од вработените, не знаевме како да влеземе и пристапиме, се додека не дојдоа од МИА, новинската агенција кои ни дадоа шема, како се влегува од задната страна. Сега за сега, како што видовме, зафатени се шест простории, а со дочистувањето, ќе утврдиме колку точно простории се“, додаде Симоновски.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Пожар кај селото Јосифово, огнот брзо се шири кон населеното место

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Локализиран е пожарот кој избувна во близина на Кавала: Туристите добија итно предупредување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се запали хотел во Анталија, гостите итно се евакуирани

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Голем пожар во близина на Подгорица, спасени се 100 куќи