Изгореа ли сите документи за осудени од 1971 до денес – Правда му укажувала на Кумановскиот суд, но џабе

Од:

Изгореа ли сите документи за осудени и други предмети кој биле пресудувани во кумановскиот суд од 1971 година до сега? Пожарот кој избувна во кумановскиот суд, започнал токму од подрумските простории каде се чувала архивата на судот. Од Министерството за правда информираат дека и претходно им укажувале на вработените во судот дека архивирањето не е соодветно.

„Министерството за Правда, за време на надзорите му укажуваше на Основниот суд Куманово за несоодветно архивирање на предметите, но мерки не беа преземени од нивна страна“, велат од Министерството.

Според Министерството за правда, овој проблем се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање.

Последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово бил извршен на 6 јуни при што било констатирано следново:

-Судската архива е сместена во подрумските простории. Архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година. Нема континуирано архивирање на предмети.

-Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС во судовите го задолжи Основниот суд Куманово да започне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање. За време на надзорот од страна на ВД претседателот на судот беше истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата. Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он