Изгоре втомобил од подментнат пожар во Чаир

Од:

Во паркирано моторно возило „ауди А8“ со германска национална ознака, вчера бил подметнат пожар од непознат сторител.

Возилото во сопственост на 43-годишниот М. Р. Било запалено од непознат сторител на тој начин што тој го отворил стаклото од предната десна врата и во внатрешноста на возилото испрскал запаллива материја, а потоа преку отворот во возилото фрлил парче од плетена ракавица, најверојатно натопено со запаллива течност, по што се оддалечил во непознат правец.

Пожарот бил изгасен од страна на сопственикот, а при пожарот оштетен е тапацирот од предната десна врата и страничниот десен дел од предното десно седиште, како и исчадена е целата внатрешност од возилото.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски